Информациите од денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување за регистрирани два нови позитивни случаи во Велес и велешко и две оздравени лица ги соопшти градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.
Вкупната бројка на заболени во Велес и велешко изнесува 173 лица, од нив 131 се оздравени, 12 починати и 30 активни. Од активните случаи, 18 се на домашно лекување, девет во Инфективното одделение во велешката болница, две лица во Инфективната клиника во Скопје и едно во приватна клиника.
Градоначалникот истакна дека сите служби во Здравстевниот дом во Велес функционираат вообичаено и без потешкотии, а државниот карантин, хотелот „Монтенегро” нема повеќе да ја има таа улога.
„Со Општинската организација на Црвениот крст донесовме одлука во овој период да нема делење на пакети со хуманитарна помош поради почеток на изборна кампања, со цел истото да не се протолкува погрешно и затоа сметаме дека треба да се заштитиме ние како Општински штаб и Општинска организацијата на Црвениот крст, а активностите за распределба на хуманитарна помош ќе мируваат” истакна Коцевски.