МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО

Денешната осумнаесетта седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување беше поделена на два дела, информираше градоначлникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференциЈа, надополнувајќи дека во првиот дел се разговараше за состојбите со Ковид-19, а во вториот, за оперативниот план за заштита од пожари на отворен простор на подрачјето на Општина Велес…

Уште многу работа за АД „Благој Ѓорев“ за добивање на еколошка дозвола

АД „Благој Ѓорев“ нема доставено основен проект. Оваа информација денеска на прес -конференција со факти ја потврди Билјана Шуркова-Манаскова, раководител на одделението за животна средина во Општина Велес. Како што нагласи Шуркова,  таа стапила директно во контакт со компанијата која работи на основниот проект од каде е известена дека  проектот сеуште е во работна фаза…

МЛАДИОТ ХРИСТИЈАН АНДОВСКИ – ВИЦЕШАМПИОН НА ЕВРОПСКИОТ КВИЗ НА ПАРИ

Информацијата за постигнатиот успех на младиот велешанец, Христијан Андовски, ученик во ССОУ  „Коле Неделковски“ на годинешното издание на европското финале на Европскиот квиз на парите и освојувањето на вицешампионското место ја објави и поздрави градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. На Европскиот квиз на парите оваа година учествуваа 500 000 учесници од 28 европски држави.…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС И ВЕЛЕШКО, 26 ЈУНИ 2020

Информациите од денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување за регистрирани два нови позитивни случаи во Велес и велешко и две оздравени лица ги соопшти градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција. Вкупната бројка на заболени во Велес и велешко изнесува 173 лица, од нив 131 се оздравени, 12 починати и 30 активни.…