ВЕЧЕР ВО ЗНАКОТ НА ВЕЛЕШКАТА СТАРОГРАДСКА ПЕСНА
„Дрво јаворово”, „Мара Акчиева” и многу други староградски песни беа дел од годинешната единаесетта по ред „Вечер на староградски песни” која традиционално ја организира ансамблот на староградски песни „Распеани велешани”. Настанот е организиран во чест на празнувањето на 8 Септември, Денот на независноста.Магијата на звуците од препознатливите велешки староградски песни во Младинскиот парк, вечерва ја…