ЌЕ СЕ БЕТОНИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „АНДОН ШУРКОВ“ КАЈ УЗУС

На улицата „Андон Шурков“ во близина на ССОУ „Коле Неделковски“, денеска се изведуваат припремни работи за бетонирање на улицата. Градоначалникот Марко Колев изврши увид на градежните работи кои ги изведува фирмата „Евро – Инженеринг“. Вредноста на бетонирањето на дел од улицата е 880.000 денари со ДДВ.