РЕКЛАМНИ ПАНОА НИЗ ВЕЛЕС

На 27 локации низ главните улици на градот ќе бидат поставени дигитално паметни паноа за рекламирање и информирање на граѓаните. Одлуката ја донесоа советниците на последната седница на Советот на Општина Велес. Седум од паноата ќе бидат поставени на земја а 20 на канделабри.