РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ЛУЈ ПАСТЕР

Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел да се прошири постоечката траса. Со овој зафат ќе се реши уште еден долгогодишен проблем на граѓаните и ќе се овозможи побезбедно возење во овој дел на градот.