СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦА „ЉУБЉАНСКА“
Во тек се градежни зафати за поставување на прв асфалтен слој на коловозот на улица „Љубљанска“. Реконструкцијата на улицата се состои од поставување на два асфалтни слоја. Проектот е во реализација на Општина Велес во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.