ПРЕВАЛЕЦ СО НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Ново улично осветлување и во населба Превалец. Активностите за промена на мрежата на улично осветлување завршија. Жителите на оваа велешка населба добија ново, современо лед осветлување со што ќе се надмине долгогодишниот проблем со уличното осветлување во овој дел на градот.