РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ВАСИЛ ЃОРГОВ“

Ќе се реконструира улицата „Васил Ѓоргов“. Целосно ќе бидат реконструирани кривините кои водат до Којник, Мегдан, Теќе и останатите горни велешки маала. Финансиските средства за оваа фрекфентна улица, Општина Велес ги обезбеди преку Владата и Министерството за транспорт.      

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНИОТ ДОМ НА ТППЕ ВЕЛЕС

Ќе се реконструира противпожарниот дом на ТППЕ Велес. Целосно ќе се реновира противпожарниот објект, помошниот објект и партер просторот со што ќе се обезбеди поголема функционалност и подготвеност за навремено извршување на работните задачи на пожарникарите. Општина Велес ги обезбеди средствата за реконструкција во соработка со Владата и Министерството за транспорт.