ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КОМАНДАТА ЗА ОБУКА И ДОКТРИНИ, 15 АПРИЛ
На 15 Април се одбележа Денот на Командата за обука и доктрини, во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“. По тој повод се одржа свечена церемонија на која беа изведени показни вежби од припадниците на командата. Плакети, признанија и благодарници им беа доделени на најзаслужните припадници на армијата и институции.


