Во рамките на проектот Центар за социјална инклузија „TOGETHER“, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес денес одржа работилница за одгледување на лековити билки. Покрај оваа работилница, како дел од проектот се организираат и ликовни, грнчарски, литературни работилници, работилници за мотивација и животни вештини и работилници за спорт и рекреација. Работилниците се наменети за лица постари од 65 години и за лица со попречености. Целта на проектот е зголемена социјална инклузија на лицата со пореченост и стари лица над 65 години.
Проектот го спроведува Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес и е поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансиран од Европската унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Општина Велес.