Драги сограѓанки и сограѓани,
Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес Ви го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание и Денот на борецот.Ова е празник на хероите, симбол на непокорот и слободарскиот дух кој го имале нашите правдољубиви предци во борбата за подобро утре.
Велес ја има таа особена чест оваа година да го чествува и големиот јубилеј на 40 години од отварањето на Спомен-костурницата каде почиваат оние кои несебично ги положија своите животи на одарот на татковината.
Не смееме да заборавиме дека поради нивната саможртва денес живееме во слободен и независен Велес, кој беше сон на многу генерации на наши храбри сограѓани низ вековите а денес е наша реалност.
Ви посакувам остварување на сите ваши соништа, желби за живот во мир, слобода и меѓусебна почит.
Нека ни е честит празникот!
Со почит,
Градоначалник на општина Велес
Аце Коцевски