Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр.12/06, 03/09, 18/10, 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на 24- та седница на
Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 15.11.2022 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 09:00 часот.
-Усвојување на Записник од 23-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 30.09.2022 година.
2. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Велес за 2022 година.
3. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Велес за 2022 година.
4. Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2022 година.
5. Предлог-план на Програми за развој на Општина Велес.
6. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес во 2023 година.
7. Нацрт-програма за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес во 2023 година.
8. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита во 2023 година.
9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој во 2023 година.
10. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија(ИТ) во 2023 година.
11. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2023 година.
12. Нацрт-програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2023 година.
13. Нацрт-оперативна програма за одржување на јавното зеленило на територијата на Општина Велес во 2023 година.
14. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2023 година.
15. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2023 година.
16. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2023 година.
17. Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2023 година.
18. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2023 година.
19. Нацрт-програма за активностите на Oпштина Велес за поддршка на младите во 2023 година.
20. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2023 година.
21. Предлог-решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес за членови во Управниот одбор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.

Претседател на
Советот на Општина Велес
Зоран Љутков с.р.