Врз основа на член 11-к од Законот за пожарникарство („Сл. весник на РМ“ бр. 67/2004……39/16 и „Сл. весник на РСМ“ бр.152/19), согласно Правилникот за селекција на кандидати за вработување во Територијална противпожарна едница во Општина Велес број 08-3677/1 од 09.07.2018 година, Правилникот за постапката за управување со ефектот на вработените во ТППЕ, следење, оценување и предлагање на мерки за подобрување бр.01-6593/1 од 31.12.2018 година, и одредбите од Правилникот за систематизација на работните места во Општина Велес  бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Велес бр.613/1 од 31.01.2020 година, Општина Велес

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 03/2021

за унапредување на професионален пожарникар

Територијална противпожарна единица на Општина Велес

 Општина Велес објавува Интерен оглас за унапредување на професионален пожарникар за следново работно место:

 ПОЖ 02 10 В03 000 Пожарникар спасител – техничар

1 извршител.

Општи услови

-да е државјанин на РСМ,

-активно да го користи македонскиот јазик,

-да е полнолетен,

-да има општа здравствена способност за работното место,

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

стручни квалификации:

– за сите нивоа од категоријата В ниво на квалификациите квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование

Работно искуство

-најмалку една година работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на РСМ како работен стаж.

Општи работни компетенции за категоријата В на основно ниво и тоа:

-учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, и ориентираност кон засегнати страни.

          Работно време:

Работното време на работникот  се утврдува  на 40 часа во работната недела.

(полно работно време) и трае пет работни дена.

Работното време на вработените се одвива во смени.Смеснокото работење трае 12 часа и тоа:

Прва смена (дневна смена) започнува во 7,00 часот и завршува во 19,00 часот

Втора смена(ноќна смена) започнува во 19,00 и завршува во 7,00 часот наредниот ден

Работникот е должен  на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно    време (прекувремена работа) според условите определени со ЗРО и колективниот договор .

 Паричен нето износ на плата:

20.508,00 денари

Професионалниот пожарникар треба да ги усполнува и следните услови:

-работното место на кое се унапредува е слободно;

-во целост ги исполнува условите утврдени во актот на систематизација на работни места за работно место на кое се врши унапредувањето;

-ги исполнува работните компетенции предвидени за работното место на кое се унапредува;

-да е оценет со оцена „А“ или „Б“ на оценувањето во годината пред унапредувањето;

-да е распореден на ниво непосредно пониско од нивото на кое се унапредува;

-да поминал најмалку две години од неговото последно унапредување и

-во последната година не бил казнуван казнуван поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот.

На интерниот оглас може да се јават професионални пожарникари вработени Територијална противпожарна единица во Општина Велес, кои ги исполнуваат општите и посебните услови и работни компетенции за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво согласно Законот за пожарникарство, Законот за работните односи и во Правилникот за систематизација на работните места во Општина Велес.

Заинтересираните професионални пожарникари поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Велес до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака за интерен оглас како и на електронска адреса opve@veles.gov.mk.

Пријавата содржи

-име и презиме

-тековно работно место, ниво;

-работно искуство.

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат и следните документи:

-потврди за успешно реализирани обуки

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот.

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

Постапката ќе ја спроведе посебно формирана Комисија за селекција за унапредување.  Кандидатите  ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката и тоа:

-фаза 1- административна селекција за спроведување најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување и

-фаза 2- спроведување на интервју во рок од 5 дена од завршувањето на фаза-1.

Напомена: кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од натамошна постапка.