Ве известуваме дека од 10.08.2024 започнува двонасочен сообраќај кој произлегува од потребата за унапредување на севкупното ниво на услуга на постојните улици „Гоце Делчев“ и ул.„Страшо Пинџур“ во Велес по претходно добиена согласност од МВР-СВР Велес.Режимот на сообраќај во подрачјето на опфат е дефиниран со хоризонтална и вертикална сигнализација, согласно на законската регулатива и согласно на потребата за уредување на сообраќајот и на безбедноста во сообраќајот.