Во организација на Мото клубот „Носачи на крстот МК“, на 10 и 11 мај (петок и сабота), на брегот на езеро Младост ќе се одржи традиционалниот Мото собир со учество на голем број на мотоциклисти од земјава и од странство. Манифестацијата „Мото бич парти“ ќе се одржи на прва плажа на езеро Младост и за таа цел, паркингот на прва плажа ќе биде затворен за користење, од четврток вечер до недела, освен за потребите на собирот.
Се замолуваат граѓаните да покажат разбирање за време на одржувањето на мото собирот и за користење на брегот на езерото да ги користат останатите паркинг места или пак да користат други алтернативни превозни средства.
Реализацијата на традиционалниот мото собир е со поддршка на Општина Велес.