Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Велес аплицираше со проект за “за Реконструкција на делод локални улици: „Живко Фирфов“, „Благој Ѓорев“ – Нова Населба, „АСНОМ“, „Андон Шурков“, „Лазо Осмаков“ и „Орце Мартинов“ во Општина Велес.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) Единица за имплементација на проект при МТВ www.wbprojects-mtc.mk и на Општина Велес https://veles.gov.mk/ на 24.06.2022.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Министерството за транспорт и врски / Единица за Имплементација на Проектот