И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат  граѓаните на Општина Велес дека од Среда-  10.05.2023 год ќе започнат градежните работи за реконструкција на ул “Архиепископ Михаил“ од раскрсница со ул “8ми Септември“ до раскрсница со ул “ Кирил и Методиј “ (до пред влезот во ООУ“ Кирил и Методиј “). Градежните работи опфаќаат реконструкција на коловозот на улицата со гребење и асфалтирање . Во текот на изведувањето на градежните работи улицата ќе биде исклучена за сообраќај на  делови согласно проектот за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР-СВР Велес, а ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно споменатиот проект .

Се молат граѓаните кои живета на споменатата улица  или гравитираат по истата да го  имаат во предвид ова известување , во колку имаат паркирани возила истите да бидат отстранети за да може изведувачот на работите да има непречен фронт за работа .