Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 08/22), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2022 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 06/22), Општина Велес објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на физички лица за купен
сончев термален колектор
за 2022 година
- Опис на јавниот повик
Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на Јавниот повик 06.07.2022г., заклучно со 05.08.2022г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.
На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
- Право на учетво на јавниот повик
Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на Јавниот повик па се до 05.08.2022г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
- Услови што треба да ги исполни барателот
Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:
- да е жител на Општина Велес;
- да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ);
- сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
- станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
- само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок;
- потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран уредот, заклучно со 2021 год.
- доказот за набавен –купен сончев термален колектор (фискална сметка), со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик.
- Достава на документи по јавниот повик
Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:
- Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
- фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
- изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
- доказ за сопственост на објектот во кој е вграден сончевиот термален колектор;
- фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
- доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
- потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со 2021 година.
Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. „Панко Брашнар“ бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.
На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.
На барателот со доставувањето на пликот во архива ќе му биде издаден архивски број со дата и час на достава на барањето.
- Начин на спроведување на Јавниот повик
Јавниот повик го распишува Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор, формирана од Советот на Општина Велес.
По завршувањето на јавниот повик, Комисијата на своја седница ги разгледува сите пристигнати барања и сите уредни и комплетни барања ќе бидат дел од системот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
Некомплетните барања нема да бидат предмет на понатамошна постапка.
Постапката за избор на барања „со извлекување по случаен избор – транспарентно“, Комисијата ќе ја спроведе во рок од 15 дена по завршувањето на рокот за достава на барања.
Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.
- Начин на остварување на правото на надоместок
Кај барателите кој по случаен избор ќе бидат извлечени, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.
Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.
Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.
Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањата кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и ја објавува листата на физички лица кои го добиле правото да бидат субвенционирани за дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор.
Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.