Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20), член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ“ бр. 62/2005….. 120/2018 и „Сл.весник на РСМ бр. 110/19, ….288/21),

Градоначалникот на Општина Велес објавува

Ј А В Е Н    О Г Л А С бр.02/2022
за прием на работник  во работен однос на неопределено
време во општинската администрација  на Општината Велес

Општина Велес има потреба од работници за засновање  на работен однос  на неопределено време за работно место и тоа:

1.Назив на работно место Работник на приемен пулт (пријавница), Ниво А2,  шифра УПР 04 05 А02 005

  Број на извршители –  1 (еден)

општи услови:

  • да е државјанин на РСМ;
  • да е полнолетен;

–     активно да го користи македонскиот јазик,

  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови

  • стручни квалификации: средно стручно образование (техничка струка)
  • работно искуство: со или без работно искуство

Други посебни услови

  • стекната лиценца за обезбедување на имот и лица
  • Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време,

дневно работно време: почеток помеѓу 07:30 до 08:00 часот и завршување на работното време помеѓу 15:30 до 16:00 часот.

Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2022 година, вработувањето е предвидено за Македонец(ка).

2.Назив на работно место –Хигиеничар/ка, ниво А3, шифра УПР 04 05 А03 004

Број на извршители-  1 (еден)

општи услови:

  • да е државјанин на РСМ;
  • да е полнолетен;
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

посебни услови

  • стручни квалификации: основно образование
  • работно искуство: со или без работно искуство
  • Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време,

дневно работно време: прва смена со почеток од 06:30 до 14:30 часот и втора смена од 12:00 до 20:00 часот.

 Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2022 година, вработувањето е предвидено за Македонец(ка).

 Кандидатите кон Пријавата за засновање работен однос треба да ја достават следната потребна документација:

  • Биографија (CV)
  • Диплома  за завршено образование, оригинал  или заверен  препис
  • Уверение за Државјанство на РСМ, оригинал  или заверен  препис
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
  • Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место,
  • Доказ за работното искуство, евидентирано во Агенцијата за вработување на РСМ, оригинал  или заверен  препис.

Јавниот огласот трае 3 работни дена од денот на објавувањето во дневен печат, не сметајќи го денот на објавување во дневен печат.

Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавниот оглас.

Износот на месечна нето плата за работното место од точка 1. изнесува  19.367,00 денари.

Износот на месечна нето плата за работното место од точка 2. изнесува  18.000,00 денари

Пријавата за враборување може да се преземе од веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk

Кандидатите со пријавата, документација треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес  ул. „Панко Брашнар“ бр.1-Велес, со назнака: за Јавен оглас бр.02/22.

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок ќе се сметаат како неблаговремени и истите нема да се разгледуваат.

За Општина  Велес, тел.контакт 043-232 406.