Општина Велес ги информира граѓаните дека во петок, 17 декември 2021 година, со почеток во 13:00 часот ќе се одржи Јавна расправа за Нацрт буџетот на Општина Велес за 2022 година.
Поради актуелната состојба со Ковид 19, Јавната расправа ќе се одржи онлајн преку платформата CiscoWebex.
Заинтересираните учесници можат да се приклучат на расправата преку следниот линк:
Мeeting link: https://opstinaveles.webex.com/opstinaveles/j.php?MTID=mc5042caabca6ff063e484a907cb208f0
Meeting number: 2405 955 7004
Password: EPtUdy83Tv7
Ве повикуваме да се вклучите и да земете учество во креирањето на Буџетот на Општина Велес за 2022 година и со своите предлози и идеи да придонесете во создавање на Граѓански буџет преку кој ќе се реализираат развојните програми на општината.
Доколку не сте во можност да присуствувате на расправата а имате предлози и идеи можете да ги доставите на gsc@veles.gov.mk.