Општина Велес ги информира граѓаните дека во понеделник, 16 декември 2024 година, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи Јавна расправа за Нацрт буџетот на Општина Велес за 2025 година.

Јавната расправа ќе се одржи онлајн преку платформата CiscoWebex.

Заинтересираните учесници можат да се приклучат на расправата преку следниот линк:

Meeting link: https://opshtinaveles.webex.com/opshtinaveles/j.php?MTID=m5eee39ac3240c2dd21690bad4d06d8b4

Meeting number: 2780 047 5547

Meeting password: 57hfDa2Yrh6

Ве повикуваме да се вклучите и да земете учество во креирањето на Буџетот на Општина Велес за 2025 година  и со своите предлози и идеи да придонесете во создавање на Граѓански буџет преку кој ќе се реализираат развојните програми на општината.

Доколку не сте во можност да присуствувате на расправата, а имате предлози и идеи можете да ги доставите на opve@veles.gov.mk најдоцна до 17.12.2024 година.