Почитувани,
Општина Велес Ве поканува на Jавнa расправa по Нацрт-документите на општината за 2024 година. Јавната расправa ќе се одржи на 20.11.2023 година (понеделник) во големата сала на Општина Велес и тоа за:
- преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани во 16:30 часот
- претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 18:30 часот
На Јавната расправа ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2024 година:
- Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес во 2024 година
- Нацрт – програма за изработка на урбанистички планови на Општина Велес во 2024 година
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита во 2024 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој во 2024 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2024 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2024 година.
- Нацрт-програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2024 година.
- Нацрт-оперативна програма за одржување на јавното зеленило на територијата на Општина Велес во 2024 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2024 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2024 година.
- Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2024 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2024 година.
- Нацрт-програма за активностите на Oпштина Велес за поддршка на младите во 2024 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2024 година.
Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на е-пошта opve@veles.gov.mk.