Завршија градежните работи на кејот на река Вардар. Граѓаните на Велес добија модерно уредено катче за рекреација  и нова креативна можност за развој на туризмот. Кејот е во должина од 200 метри на потег од  мостот Гемиџии до Мало мовче. Освен изградба на кеј проектот опфаќа поставување на два киосци за продажба на сувенири и други производи од традиционални велешки занаети.

Изградбата на кејот на реката Вардар од десната страна е дел од проектот „Креативни можности во туризмот“ финансиран  од средства на  Европската Унија, за  преку гранична соработка меѓу Грција и Македонија. Тој ги опфаќа градовите Велес и Лерин и со него треба да се развива локалната  економија.

Градоначалникот Колев најави дека ќе се прават напори во текот на годинава да се изградат уште дополнителни 250 метри од кејот.