Целосно е реконструирана спортската сала на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ со што се обезбедија современи услови за одвивање на спортски активности. Во рамки на градежните активности се замени стариот со нов под, комплетно се постави ново греење, се реновираа тоалетите, гардеробите и ходниците. За секој ученик се постави и ново шкафче за чување на спортската опрема потребна за одржување на часот по физичко воспитување и други спортски активности.

Општина Велес продолжува со инвестирање во спортот и во здравјето на младите.