Градоначалникот Марко Колев заедно со членови на Советот на Општина Велес денеска ги посети децата кои се лекуваат во детското одделение на Општа болница Велес. Им подари новогодишни пакетчиња и им посака безгрижно детство во Новата година.
Новогодишни пакетчиња добија и штитениците на Здружението на лица со церебрална парализа, на Дневниот центар и децата во основното училиште со Ресурсен центар „Маца Овчарова“.
Градоначалникот Колев им посака добро здравје, среќа и безгрижен живот во Новата 2024 година.