- ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ
Предмет на јавното електронско наддавање е закуп на движни ствари/урбана опрема на „Еко-камп со парк на авантури за деца и платформа за набљудување на птици на дел од езеро „Младост“, сопственост на Општина Велес, кој се простира на КП бр.126/6, КО Башино село-вон град, Општина Велес. Истиот се издава во закуп во времeтраење од 10(десет) години од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач. Договорот може да се раскине и пред истекот на договорниот рок а условите за тоа заеднички ќе се уредат во договорот.
НАПОМЕНА:Цената за закупнина е без вклучен ДДВ од 18%. Месечната закупнина ќе изнесува согласно постигнатата цена на електронското јавно наддавање.
Предметот на објавата не е деллив и заинтересираните правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата, можат да учествуваат за предметот на закупот како целина „Еко-камп со парк на авантури за деца и платформа за набљудување на птици на дел од езеро „Младост“, сопственост на Општина Велес.
Најповолниот понудувач со кој ќе се склучи договор за закуп на движните ствари е обврзан да го стави во функција „Еко-кампот со парк на авантури за деца и платформа за набљудување на птици на дел од Езеро Младост“, најдоцна до 1 мај 2024 година и во овој временски период е ослободен од плаќање на надоместок.
Грижата за осигурување на движните ствари и тековните трошоци во времето на закуп паѓа на товар на закупецот.
Општина Велес, согласно Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема („Службен весник на Општина Велес“,бр.01/13,17/13 и 5/18), ќе врши издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема, за секоја година по изминувањето на временската рамка во текот на целото времено користење на урбаната опрема.
II.ПОДАТОЦИ ЗА ДВИЖНИТЕ СТВРАРИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП И ПОЧЕТНА ЦЕНА НА ЗАКУПНИНА
II.1. Движните ствари/урбаната опрема кои се предмет на закуп се наоѓаат на КП бр.126/6, КО Башино село-вон град, Општина Велес, место Езеро Младост-Општина Велес, согласно Измена и дополнување на урбанистички план за вон населено место урбана единица 20Блок 1 и 2 Езеро Младост-Општина Велес, Одлука бр.0701-2095/2 од 16.05.2007 година,во рамките на „Еко-кампот со парк на авантури за деца и платформа за набљудување на птици на дел од езеро „Младост“, и се состои од :
– Главен влез, влезна порта |
2 |
– Информативни точки (паноа) | 2 |
– Сервисен блок, рецепција, кујна, санитарии 70 м2 | 1 |
– Новопроектирана патека | 1 |
– Дрвени камп куќички во форма на барик -11 м2 по куќичка | 7 |
– Летниковец | 4 |
– Еко училница | 2 |
– Игралиште за деца со 3 клацкалки, 3 лизгалки и 2 нишалки | 1 |
– Игралиште – Брод од дрво | 1 |
– Игралиште – Замок од дрво | 1 |
– Лавиринт од жива ограда | 1 |
– Дрвена трибина | 1 |
– Патека за паркур со 8 групи реквизити | 1 |
– Воздушна патека | 1 |
– Канделабри – мали комплет со лира за осветлување | 43 |
– Канделабри големи комплет со лира за осветлување | 18 |
– Клупи | 5 |
– Корпи за отпадоци | 5 |
– Платформа за набљудување на птици | 1 |
– Дрвена ограда – тараба | 1
|
– Киоск за продажба на сувенири
– Имотен лист бр.1073 КО Башино село бруто површина 19,5 м2, корисна површина 12 м2 |
1 |
Урбаната опрема која е предмет на закуп, може да се види секој работен ден од 12:00 до 15:00, часот, со претходна најава до Претседателот на Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес.
Детални информации врзани за објавата можат да се добијат на телефонот: 043/232-406.
ВКУПНАТА ПОЧЕТНА ЦЕНА на месечната закупнина изнесува 133.592,00 денари без ДДВ, утврдена како 0,5% од проценетата вредност на урбаната опрема.
УСЛОВИ ЗА ЗАКУП
- Општина Велес ќе ги даде на времено користење движните ствари/урбаната опрема за време од 10 години.
- Закупувачот на урбаната опрема е должен за целото времетраење на користење на урбаната опрема да не ја менува намената на истата која е во согласност со проектот.
- Доколку како корисник на урбаната опрема, закупецот има потреба од дополнување на урбаната опрема, промена, реконструкција, санација или адаптација при вршење на дејноста, истиот не може без претходно добиена писмена согласност од општината да врши било каква промена.
- Закупецот урбаната опрема не смее да ја издава во подзакуп.
РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Објавата трае петнаесет (15) календарски дена почнувајќи од 17.01.2024 година(среда) 31.01.2024 година (среда).
Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 31.01.2024 година (среда).
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на ден 05.02.2024 година (понеделник) и истото ќе започне во 12:00 часот.
Документите се прикачуваат електронски на софтверот -.E-STVARI.MK.
Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.
Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски правни лица со регистрирана дејност кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Постапката за закуп со електронско јавно наддавање ќе се спроведува преку електронски систем за јавно наддавање www.e-stvari.mk.
Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделени заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (учество во постапка која ја спроведувала било која општина).
Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени во објавата, секое правно лице треба претходно да се регистрира на страната е-stvari.mk.
Документите потребни кон пријавата за електронското јавно наддавање се следниве:
- За правни лица
- 1. Пријава за учество на јавното наддавање;
- 2. Доказ за идентитет за правни лица:
– тековна состојба од Централен регистар на РСМ – не постара од шест месеци (за правни лица);
– извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);
- 3. Изјава со којашто ги прифаќаат условите што се дадени во Објавата;
4.Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски во скенирана верзија на оригиналот PDF формат, банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави до Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес, на денот кога се доставува комплетната документација.
- 5. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското наддавање.
Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата во рок од три дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.
БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДУВАЧОТ ОД 2% ОД ПРОЦЕНЕТАТА ВРЕДНОСТ
–Банкарската гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2% од проценетата вредност на урбаната опрема и истата изнесува 534.369,00 денари.
-Проценетата вредност на урбаната опрема изнесува 26.718.425,00 денари согласно Извештајот за извршена процена на урбаната опрема, изработена од проценителска куќа „Шумантеви“ДООЕЛ Скопје, со бр.231065 од 24.11.2023 година.
-Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана верзија на оригиналот PDF формат, подносителот на понудата/пријавата за учество е должен да ја достави банкарската гаранција и во хартиена форма (во оригинал) најдоцна до 31.01.2024 година во архивата или на адресата на Општина Велес (со назнака: До Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес, ул.Панко Брашнар.бр.1, 1400 Велес, со назнака „Не отварај“).
-Недоставувањето на банкарската гаранција во хартиена форма во оригинал на наведената адреса или нејзино доставување по истекот на определениот рок, ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
-Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 30 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.
– Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАДДАВАЊЕТО
Начин и постапка за спроведување на јавното наддавање:
Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи, доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена за закупнина на движните ствари и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на закупнината на движните ствари. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.
Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на закупнината на движните ствари се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на закупнината на недвижната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на закупнината на движните ствари повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.
Намалувањето на вредноста на закупнината на движните ствари во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по првпат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
Намалувањето на вредноста на закупнината на движните ствари во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по вторпат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници, намалувањето на вредноста на движните ствари може да биде до најмногу 50% од проценетата вредност.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за закупнина на движните ствари.
Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата на сметка на Општина Велес во согласност со постигнатата крајна цена, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.
По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од петнаесет работни дена по извршената уплата на постигнатата цена за закуп на движните ствари, Градоначалникот на Општина Велес склучува договор за закуп на урбаната опрема. Договорот за закуп во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради солемнизација, а нотарските трошоци се обврска на закупецот.
Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното електронско наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од пет дена од приемот на приговорот.
Против Решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.