Број на линијата | Име на линијата | Траса на линијата |
3 | Автобуска станица – Којник – Автобуска станица | Преку улиците:
„Петре Прличко“, „Анѓел Мишев“, „8-ми Септември“, „Гоце Делчев“, „Страшо Пинџур“, „8-ми Септември“, „А.Д.Бауман“, „Наум Наумовски-Борче“, „Благој Ѓорев“,„Васил Ѓоргов“, „Плоштад Којник“, „Васил Ѓоргов“, „Благој Ѓорев“, „8-ми Септември “, „Илинденска“, „Димитар Влахов“, „Кресненско востание“, „Петре Прличко“ |
7 | с. Караслари -Велес- с.Караслари | Преку Бабуна и улиците: „ Димко Најдов”, „8-ми Септември” , „Гоце Делчев”, „8-ми Септември”, ,,Алексо Д.Бауман” , „АСНОМ”, „Борис Трајковск” , ,,Благој Ѓорев” , ,,8-ми Септември” , „ Димко Најдов”, „Бабуна” , „с.Караслари” |
9 | с. Бузалково – Велес – с. Бузалково | Преку с.Раштани и улиците:
„Раштански пат“, „Андон Шурков“, „Благој Ѓорев“, „8-ми Септември“, „Илинденска“, „Димитар Влахов“, „Кресненско востание“, „Петре Прличко“, „Кресненско востание, „Димитар Влахов“, „Илинденска“, „Гоце Делчев“, „Страшо Пинџур“, „8-ми Септември“, „Алексо Д. Бауман“, „АСНОМ“, „Борис Трајковски“, „11-ти Октомври“, „Андон Шурков“, „Раштански пат“, „с. Раштани“, „с. Бузалково“ |
13 | с. Клуковец – с. Бузалково – с. Клуковец | Преку с. Сливник |
14 | Сливник – Велес – Сливник | Преку с.Клуковец, с.Оризари, Свилара, Превалец и по улиците:
„Благој Ѓорев“, „8-ми Септември“, „Илинденска“, „Димитар Влахов“,„Кресненско востание“, „Петре Прличко“, „Кресненско востание, „Димитар Влахов“, „Илинденска“, „Гоце Делчев“, „Страшо Пинџур“, „8-ми Септември“, „Алексо Д. Бауман“, „АСНОМ“, „Борис Трајковски“, „11-ти Октомври“, „Андон Шурков“ „Благој Ѓорев“, „Превалец“, „Свилара“, „с. Оризари“, „с. Клуковец“ и „с.Сливник“ |
Заинтересираните превозници, Понудите да ги достават до Велес (Општина Велес, ул. „Панко Брашнар“ б.б. Велес) во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на објавата, во затворен плик препорачано по пошта или со потврден прием во архивата на горенаведената општина со ознака „Понуда за распределба на линиски превоз на патници за територијата на Општина Велес“, во затворен внатрешен плик на кој во левиот агол стои “Не отварај“
Понудата за распределба на општински линиски превоз на патници потребно е да ги содржи следните податоци:
-Линијата т.е линиите за кои се бара распределба;
-Понудена цена за превозот;
-Предлог возен ред со временски термини за поаѓање од почетно стојалиште, за секоја линија за која се бара распределба;
-Фотокопија од Решение за упис во централен регистар во кое ќе има регистрирана претежна дејност – Вршење на превоз на патници во патниот сообраќај, не постаро од 60 дена;
-Фотокопија од Потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз на патници;
-Фотокопии од сообраќајните дозволи за секое возило одделно или Договор
за лизинг со сообраќајните дозволи за возилата што ги користи по договор за лизинг од овластен дистрибутер (заверени кај нотар);
-Список на вработени возачи во редовен работен однос со фоткопие на обрасците М1 и М2;
-Копија од Лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Велес;
-Копија од Извод од лиценца за сите возила со којшто се планира да се врши превозот;
-Потврда од надлежен суд дека не е во сила правосилна судска одлука за сторено кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во на сообраќајот, не постара од 60 дена;
-Потврда од надлежен суд дека не е изречена мерка за безбедност, забрана за вршење на дејност, не постара од 60 дена;
Истата треба да биде потпишана и заверена од законскиот застапник на превозникот.
Постапката за распределба на линии за превоз на патници за територијата на Општина Велес, ја спроведува Комисијата за спроведување на постапка за доделување на линии за вршење на линиски превоз на патници формирана од Градоначалникот на Општина Велес, врз основа на следните критериуми:
-Цена за понудената линија – за најниска цена максимални 20 (дваесет) бода, за секоја наредна понуда повисока од претходната се одземаат по 2 (два) бода од максималниот број на бодови;
-Старосна структура на возилата со кој ќе се врши линиски превоз;
Старост на возилото (години) | Бодови |
0-5 | 40 |
6-10 | 35 |
11-12 | 30 |
13-14 | 25 |
15-16 | 20 |
17-18 | 15 |
19-20 | 10 |
преку 20 | 0 |
-Број на возила со кој ќе се врши линиски превоз – максимално 10 (десет) бода, за секоја наредна понуда помала од претходната се одзема по 1 (еден) бод од максималниот број на бодови;
-Број на поаѓања од почетно стојалиште за побараната линија – за секое поаѓање од почетно стојалиште се добива по 1 (еден) бод;
Понудите кои не се поднесени во предвидениот рок и кои не ги содржат комплетно бараните податоци (докази) од Објавата, нема да бидат разгледувани.
Отворањето на понудите ќе се изврши на ден 19.09.2023 година, во 12:00 часот во просториите на Општина Велес, во присуство на понудувачите.
Се известуваат превозниците коишто ќе достават понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Oпштина Велес, дека опслужувањето на линиите се врши исклучиво согласно Одлуката за општински линиски превоз на патници во Oпштина Велес.
За подетални информации може да се обратите секој работен ден во Општина Велес.