Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, и “Службен весник на РСМ” бр. 89/22, 171/22 ),
Градоначалникот на Општина Велес, на ден .02.2024 година донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А3.3 – згради за престој на пензионери, стари и немоќни лица на КП бр.307/2 и КП бр.307/1, КО Башино Село в. г. Општина Велес кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Р.С.М.” број 32/20, 111/23), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А3.3 – згради за престој на пензионери, стари и немоќни лица на КП бр.307/2 и КП бр.307/1, КО Башино Село в. г. Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
- Планскиот опфат за кој се изработува Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план се наоѓа во КО Башино Село, вон град, на територијата на Општина Велес, е со површина од 1.53 ха.
- Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А3.3 –згради за престој на пензионери, стари и немоќни лица ќе овозможи поголема атрактивност на просторот, заштита на природните ресурси, сообраќајно и информатичко поврзување, локациона флексибилност и почитување на развојните фактори.
Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.