Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05………120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19…288/21), член 22 став 1 алинеја 1 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14……. 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20) и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време со арх. бр.08-774/1 од 08.02.2023 година, Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната
О Д Л У К А
за избор на кандидат по Јавен оглас
за засновање на работен однос на определано време
- Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас со арх.бр. бр.08-774/1 од 08.02.2023 година, за прием на работник во работен однос на определено време на работно место – Советник за сообраќај и патишта во Одделение за комунални работи и сообраќај, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој -1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:
- Трајан Симоновски
- Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на определено време, до истекот на одобреното отсуство на отсутниот работник.
- Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Општина Велес на ден 08.02.2023 година, објави Јавен оглас (со арх.бр. бр.08-774/1 од 08.02.2023 година), за прием на работник во работен однос на определено време на работно место Советник за сообраќај и патишта во Одделение за комунални работи и сообраќај, УПР 01 01 В01 000 – 1(еден) извршител утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот оглас се јави 1(еден) кандидат.
Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатата пријава и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека поднесена е 1(една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријава по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.04-774/7 од 15.02.2023 година, со конечна ранг-листа.
Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи, член 22 став 1 алинеја 1 од Законот за вработените во јавниот сектор и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.
Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.