Со положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Спомен костурницата, денеска се одбележа независноста на Република Македонија, 8 Септември. Делегации на Општина Велес, Армијата на Република Македонија, на јавни институции, политички партии и Здруженија на граѓани, им оддадоа почит на борците кои со својот живот се запишале во создавањето на овој значаен историски ден.
Во чест на празникот, присутните имаа можност да ги слушнат државната и општинската химна и две народни песни „По друм одам мајче“ и „Зајди, зајди“ во изведба на Мартина Станчева.
По повод триесет и четири годишнината од слободна, независна и самостојна Македонија, вчера се одржа „Вечер на староградски песни“ во Амфитеатар во Младински парк.


























