Во периодот од мај до август 2022 година, Општина Велес беше домаќин на активностите во рамките на проектот “ПРЕКУ УЧЕСТВО ДО ЗАЕДНИЦА ПО МЕРКА НА МЛАДИТЕ”, спроведен во партнерство со Синдикалниот центар за едукација и обуки од Скопје со поддршка на Европската младинска фондација на Советот на Европа.
По првичната обука за 24 млади од различни локални структури и здруженија, а потоа и спроведеното истражување за потребите и приоритетите на младите, заедно дојдовме до податоци за тоа што најмногу им недостасува на младите во Велес.
Покажавме дека ги поддржуваме сите младински иницијативи пред се, со директно вклучување на младите преставници на локалната администрација во сите проектни активности, но и со целосна поддршка за сите идеи за продолжување. Посебно ни е задоволство што преку споменатиот проект, како еден од првите младински проекти во Македонија, станавме дел од европската камапања “Демократија овде. Демократија сега”, но и дека токму во рамките на овој проект младите добија можност преку размена на идеи да дојдат до основата за следниот проект, чија реализација започнува веќе во септември.
Општина Велес се запозна со сите расположливи регионални и меѓународни извори на поддршка за различни локални активности и иницијативи кои ги доближи до младите, со цел да покаже интерес и да даде поддршка за зајакнување на положбата на младите во локалната заедница. Се надеваме дека бранот на развој на локални младински политики ќе продолжи да се шири, особено со иницијативи како онаа што ја запозна СЦЕО.