Организацискиот одбор на 57.Детски Рацинови средби распишувa натпревар во ораторство за сите ученици од I до IV година од средните училишта на тема:
„Мене и душата ми е црвена“ – Рацин
Секој ментор има право да пријави еден ученик. Од секое училиште можат да учествуваат вкупно тројца ученици. Говорот да не биде подолг од 5 минути.
Пријавувањето да се изврши по електронски пат на следната е-адреса: detskiracinovi57@gmail.com со назнака „За ораторство“, најдоцна до 31.10.2024 год. со следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, е-адреса и телефон за контакт. Во прилог да биде доставен и говорот на ученикот.
Најдобрите оратори по оценката на стручната жири-комисија, ќе влезат во вториот круг на натпреварот, кој ќе се одржи на денот на одржувањето на Манифестацијата. Учесниците ќе бидат известени за времето и местото на одржувањето на натореварот и ќе треба да присуствуваат лично со научен говор напамет.
При настапот стручната жири-комисија ќе вреднува оригиналност, израз, правоговор, соодветни гестови, почитување на определената временска рамка, интерактивност на публиката и задржување на вниманието.
Рацинови следбеници, Ве очекуваме!
Со почит,
Организациски одбор на 57. Детски Рацинови средби