Организацискиот одбор на 57.Детски Рацинови средби распишува меѓународен поетски конкурс на тема:

„Мене и душата ми е црвена“ – Рацин

Право на учество имаат ученици од VI до IX одделение од oсновните училишта и ученици од I до IV година од средните училишта.

Творбите се класифицирани во две категории: категорија основно образование и категорија средно образование.

Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу до пет поетски творби.

Најзначајно е детските песни да се оригинални и соодветни на темата.

Поетските творби да се испратат на е-адреса: detskiracinovi57@gmail.com со назнака „за поетски конкурс“ најдоцна до 31.10.2024 год.

Со творбата наведете ги следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и е-адреса.

Откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот и времето на одржување на Манифестацијата.

Рацинови следбеници, Ве очекуваме!

Со почит,

Организациски одбор на 57. Детски Рацинови средби


Поетски конкурс – 57. Детски рацинови средби