Врз основа на донесената Одлука на Градоначалникот на Општина Велес за распишување на јавна набавка согласно Член 9 став 1 и член 28 став 1 од Законот за Јавни набавки (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.136/2007, бр.130/2008, бр.97/2010, бр.53/2011, бр.185/2011…83/2018 ) член 50 од Законот за локална самоуправа,
Во рамки на Проект „Паметни решенија Велес – продолжуваме“ договор бр. IPA/2021/427055 склучен помеѓу Општина Велес, како водечки апликант во проектот, СЕГ Холдинг како партнер и Европската Комисија во рамки на Програмата ИПА 2020 – “Програма за поддршка на општините” се одобрува доделување на Договор за јавна набавка на работи за изведба на:
Изградба на кружен тек 1, Изградба на кружен тек 2, Реконструкција на централна улица 8ми Септември и изградба на уличен систем и атмосферска канализација, Припрема за поставување на улично осветлување.
Притоа, се повикуваат сите правни субјекти да пројават интерес за вклучување кон тендерскиот процес и изведбата на предвидените градежни работи со испраќање на “Писмо за интерес” кое ќе содржи генерални податоци за правниот субјект и ќе биде наведен интересот за учество во понатамошниот процес на постапката. Воедно, да приложат и референтна листа од релизирани проекти во последните 5 години.
Писмото за интерес со пропратната референтна листа да го достават на е мејл адреса: marija.alceva@veles.gov.mk или по пошта на адреса: “Панко Брашнар” 1, 1400 Велес
Со ваквиот пристап се дава можност на што поголем број правни субјекти кои ќе пројават интерес за вклучивање, да добијат директни дополнителни информации и пропратна документација за учество во тендерот, согласно ПРАГ симплифицираната процедура како соодветна за овој тендер.
Повикот ќе биде отворен 5 работни дена од објавата на иститот.