Ќе се реконструираат спортските терени во ООУ „Васил Главинов“. Реконструкцијата опфаќа поставување на вештачка трева на фудбалското игралиште, поставување на најсовремена пластична подлога на кошаркарското игралиште, одобрена од Меѓународната кошаркарска федерација – FIBA, како и реконструкција на уште еден повеќенаменски спортски терен. Просторот дополнително ќе биде збогатен и со фитнес зона. Учениците и граѓаните од овој дел на градот ќе добијат современи спортски терени на кои ќе можат непречено да спортуваат и рекреираат.
Општина Велес продолжува со инвестиции во спортот во градот и населените места.