Ќе се реконструира една од најфрекфентните улици во градот. Веќе се започнати подготовките за санација на дел од улицата „Белградска“ и тоа на спојот со улицата „Киро Ќучук“ до спојот со улицата „Димитрија Чуповски“. Градежните зафати ќе опфатат отстранување на стариот оштетен асфалт и ќе бидат послани два асфалтни слоја.
Општина Велес продолжува со инвестиции во патната инфраструктура на градот.