Започна реконструкцијата на водоводната линија на улица „Луј Пастер“ во населба Керамидна. Со овие зафати ќе се реши голем проблем со водоснабдувањето на жителите од овој дел на градот и ќе се обезбеди водоснабдување во новата социјална зграда.
По завршувањето на реконструкцијата на водоводот, ќе отпочне целосна реконструкција на улицата.
Проектот се реализира во соработка на Општина Велес, Министерството за транспорт и врски и Светска банка.