Со средства на ЈКП „Дервен” во тек е замена на старата азбестцементна цевка на водоводната линија на улица „Крсте Мисирков”, во должина од 150 метри, со нова полиетиленска цевка (со пресек од 160 мм).

Со ова ќе се обезбеди безбедна и квалитетна вода за пиење.

По завршување на реконструкцијата на водоводната линија, Општина Велес ќе издаде налог за реконструкција на дел од улицата на завршниот слој асфалт.

Со цел непречено одвивање на градежните работи, Општина Велес упатува апел до жителите кои гравитираат кон овој дел на градот за разбирање, внимателно движење и управување на моторните возила, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.