Општина Велес изрази интерес за спроведување на методологија на социјално мапирање, на објавен јавен повик од страна на ЗЕЛС како проектна активност во рамки на проектот „Регионално учење за имплементација на Агенда 2030 во Југоисточна Европа“.

Една од трите општини е Општина Велес, што доби донација во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот „Никој да не биде изоставен“, кој Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС го спроведува во партнерство со НАЛАС – Мрежа на асоцијации на локални власти од Југоисточна Европа и во соработка со GIZ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој (BMZ).

Во рамки на проектните активности добивме поддршка за спроведување на методологија за социјално мапирање на ранливи категории во Општина Велес,  спроведено од консултантска компанија.

Социјалното мапирање се спроведе во периодот април-јуни 2021 година од Стратум РиД Скопје.

Резултатите од спроведеното истражување беа презентирани на 21 септември 2021 година во Општина Велес, истите се достапни во документ Социјално мапирање на ранливи групи за Општина Велес.

Покрај мапирањето донаторот на крајот на годината како следна проектна активност најви  донација од 16 лаптоп компјутери за ученици во основните училишта  од социјално ранливи семејства  и  обезбедување на три еднодневни обуки за основи на дигитална писменост за учениците корисници на лаптоп компјутерите.

Извештај