Градоначалникот Марко Колев и претседателот на Совет на Општина Велес Зоран Љутков денеска во работна посета на населба Превалец каде се изведуваат градежни работи за бетонирање на дел од улицата „Јован Басаров“ во должина од 350 метри. Градежните работи ги изведува фирмата „Евро Инженеринг“. Средствата за бетонирање на улицата се обезбедени од Програмата за уредување на градежно земјиште во висина од околу 1.400.000 денари со вклучен ДДВ.

Истовремено Општина Велес потпиша Договор со изведувачот за санација на колектор за одведување на фекални отпадни води во населба Превалец, во должина од околу 200 метри. Градежните работи се очекува да почнат до крајот на годинава.