Се известуваат граѓаните на Велес дека 23 Седница на Совет на Општина Велес ќе се одржи на 03.11.2022 година, четврток, со почеток во 09:00 часот во Електронската сала на Општина Велес. На Дневен ред на 23 Седница на Советот се 12 точки.
Седниците на Комисиите при Советот на Општина Велес за 23 Седница ќе се одржат на 01.11.2022 година, вторник, Комисијата за Статут и прописи во 14:30 часот, Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина со почеток во 11:00 часот. На 02.11.2022 година, среда, седница ќе одржи и Комисијата за општествени дејности со почеток во 11:00 часот, во Електронската сала.
Седниците на Комисиите, исто како седницата на Советот, можат да се следат во живо на официјалниот јутјуб канал на Општина Велес.
Повеќе информации може да најдете на следниот линк.