Се известуваат граѓаните на Велес дека Градскиот базен ќе биде привремено затворен во деновите петок, сабота и недела (19,20 и 21. август 2022 година) поради редовна интервенција за хлорирање на водата. Имајќи во предвид дека за интервенцијата се потребни неколку дена, базенот повторно ќе биде отворен во понеделник, 22 август 2022 година.
ЈП „Парк-спорт и Паркинзи“ Велес им се заблагодарува на граѓаните за разбирањето.