Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид по
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 255, КП 256 и дел од КП 73/1, КО Чалошево, Општина Велес.
Граници на опфатот за КП 255, КП 256 и дел од КП 73/1, КО Чалошево се:
– На исток опфатот се граничи со КП 92, КП 93, КП 91, КП 90 I KП 95;
– На север опфатот се граничи со КП 99, КП 96;
– На запад опфатот се граничи со КП 100, КП 264, КП 263, КП 259 и КП 257;
– На југ опфатот се граничи со КП 559.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 45000м2 или 4,5 ха.
Јавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 255, КП 256 и дел од КП 73/1, КО Чалошево, Општина Велес.
Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 04.07.2022 до 22.07.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk).
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Марко Колев