Општина Велес и годинава приредува заедничко одбележување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун. Граѓаните ќе имаат можност да дегустираат добри вина од локалните винарии и да вкусат традиционални велешки специјалитети.  За забавата да биде на високо ниво ќе се погрижат учениците од отсекот за традиционални инструменти при ООМУ „Стефан Гајдов“ , Иван Милевски и Fantasy Band, Тринити Бенд и Чалгија Саунд Систем.

Општина Велес ги поканува сите граѓани на заедничко чествување на Свети Трифун на 14 февруари, во Младински парк со почеток во 17:00 часот.