Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
Издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б-Интегрирана еколошка дозвола бр. 08-2741/8 на:
Подносител на барањето:
Друштво за инженеринг проектирање монтажа и услуги “КЕПС МОНТ ГРОУП” ДОО Скопје за инсталација за ископ, сеење, утовар и транспорт на техногена минерална суровина (ТМС), лоцирана на локалитет “БАШ КОЛИБИ” Велес.
Регистрирано седиште на правното лице:
Ул.“Мајаковски” бр.26 Скопје-Центар, Центар
Локација на инсталацијата:
КП 10845, КП 10848/1 и КП 10849 КО Велес
Контакт лице:
Кирил Смоквоски, управител
Категорија на инсталација:
Точка 3. Индустрија на минерали подточка. 3.2. Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини
Проектиран капацитет:
Површинска експлоатација на 1,8 милиони тони техногена минерална суровина (ТМС)
Б-Интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk
Б-Интегрирана еколошка дозвола
Решение за издавање Б-Интегрирана еколошка дозвола