Дали новинарството во внатрешноста изумира? На ова прашање денес се обидоа да дадат одговор новинарите од повеќе печатени и електронски медиуми кои дебатираа на оваа тема во просториите на Општина Велес. На дебатата на која присустуваше и градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски се бараа решенија како да се обноват медиумите на локално ниво а од друга страна се бараа механизми за зајакнување на постоечките со цел да станат еден вид на „заштитен брaник“ за лажните вести и информации.
Ова е четврта дебата која ја организира здружението за мултимедијални услуги „Инбокс7“ на оваа тема. Досега се организираа регионални дебати во Штип, Гостивар и Скопје.