Одлука за спроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ Изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, на КП 1879, КП 1880 и КП 1881/1, КО ОРИЗАРИ-вон град, Општина Велес кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Како засегнати органи од имплементација на планскиот документ ЛУПД за Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија на КП 1879, КП 1880 и КП 1881/1, КО ОРИЗАРИ-вон град, Општина Велес се определуваат следниве: Општина Велес, Министерство за животна срeдина и просторно планирање и Министерство за транспорт и врски.
  3. Изработката на планскиот документ  ЛУПД за Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија на  КП 1879, КП 1880 и КП 1881/1, КО Оризари-вон град, Општина Велес ќе има влијаније врз животната средина.
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземни и површински води, влијание врз почва, влијание по однос на генерирање на отпад, влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух и влијание од несреќи и хаварии.
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.
  6. Донесувањето на планскиот документ опфаќа мала област од локално значење. Со изработка на оваa ЛУПД за Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија на КП 1879, КП 1880 и КП1881/1 КО Оризари-вон град, Општина Велес треба да се овозможат услови за градба на објект, кој ќе овозможи позитивни ефекти со својата функција врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот. Со донесување на ЛУПД се создаваат услови за урбанизација, развој и напредок на населените места.
  7. Против оваа Oдлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Одлука
Формулар
ЛУПД