Стартува собирањето на комунален отпад во населеното место Клуковец

Од утре 03.09.2019 година, во населеното место Клуковец за прв пат се воведува услуга организирано собирање на комуналниот отпад од домаќинствата.ЈКП „Дервен“ два пати неделно – во вторник и петок, во претпладневните часови ќе врши собирање и транспортирање на комуналниот отпад по системот “од врата до врата”. Завршено е евидентирањето на корисниците и нивно информирање…

Активен пожарот кај Ораовец

„Пожарот во близина на село Ораовец се шири на четири краци. Најсериозни се краците кои одат кон Ораовец и кон Војница“, изјави денеска градоначалникот Аце Коцевски. Како што информираше, побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување. Два авиони веќе се во функција и истураат вода на локциите. На лице место со огнот се…

Одржана јавна расправа за проектот Хидросистем Лисиче, фаза наводнувањe

На денешната јавна расправа која се одржа во просториите на Општина Велес, пред претставниците на општината, подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈВП „Лисиче” и ЈКП „Дервен” како директни корисници на системот беше претставена „Студијата за оцена на влијание врз животната средина” за фазата наводнување на земјоделско земјиште од хидросистемот Лисиче. Претставникот…

Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола за Друштво за инженеринг, проектирање, монтажа и услуги “КЕПС МОНТ ГРОУП” ДОО Скопје

Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-2471/3 од…

Информација за одржување на јавна расправа по нацрт верзија на Студија за оцена на влијание врз животната средина за “Под – проект Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес

Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја известува заинтересираната јавност дека како Инвеститор на “Под – проектот Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес, заедно со консултантите од компанијата ENCON ја изработија Студијата за оцена на влијание на проектот врз животната средина. Проектот за Хидросистемот Лисиче III фаза ќе се реализира со финансиска помош…

Велес се простува од Ристе Ристевски

Денеска, на Градските гробишта „Св. Спас“ ќе бидат погребани посмртните останки на Ристе Ристевски истакнат интелектуалец и политичар од Велес. Во периодот 1982-1984 година Ристевски ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Велес. Во историјата на македонскиот народ ќе остане запаметен како активен учесник во штрајкот на велешката гимназија, во 1942 година и како…

Јавен увид во Нацрт Б-Интегрирана еколошка дозвола за ДПТТ “МИСА-МГ” ДООЕЛ експорт-импорт Скопје – локалитет ГРООТ Велес

Општина Велес ја изготви Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола за ДПТТ “МИСА-МГ” ДООЕЛ експорт-импорт Скопје – локалитет ГРООТ Велес. Во согласност со член 107 став 13, а во врска со член 122 став 4 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,…

Нови правила за заштита на урбаното зеленило

Почитувани сограѓани, Општина Велес Ве известува дека на 27 јуни годинава стапи на сила новата Одлука за управување со зеленилото на територијата на Општина Велес. Согласно Одлуката, на дрвјата кои се засадени на јавни површини забрането е лепење на плакати, некролози, поставување на електрични инсталации, поставување на рекламен и пропаганден материјал, поставување на метални држачи…

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДВАТА ИЛИНДЕНА

1.Август 2019 година (четврток) 9:00 часот Положување цвеќе и оддавање почит на загинатите борци Место: Спомен-костурница 9:30 часот Положување цвеќе и оддавање почит на велешките Илинденци Место: Споменик на велешките Илинденци 9:45 часот Положување цвеќе и оддавање почит на Панко Брашнаров Место: Споменик на Панко Брашнаров Превозот е организиран. Поаѓање во 8:30 часот пред Општина…

Усвоена одлуката за основање на училиштето „Панко Брашнар“

На денешната 38 седница, со 11 гласа „за“ и 6 „против“, Советот на Општина Велес ја усвои одлуката за основање на Општинско основно училиште во Велес. Со одлуката се основа Општинското основно училиште „Панко Брашнар“ како правен следбеник на училиштата „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и „Благој Кирков“. Советот ја донесе одлуката по добиеното позитивно мислење…