ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПРЕВОЗНИЦИТЕ КОИ ВРШАТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

Почитувани, Согласно препораките дадени од Владата на РСМ, а во врска со мерките и активностите за превенција од ширење на вирусот COVID – 19, Општина Велес дава препораки до превозниците кои вршат јавен превоз на патници: Такси превозниците на подрачјето на општината да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани, Ве известуваме дека согласно задолжението од точка 11 од заклучоците на 16. Седница на Владата на РСМ, во текот на превенција од Корона вирусот, во сите воспитно-образовни институции во градот, секој работен ден, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, ќе бидат воведени ротациони дежурства, со цел издавање на потребните потврди и останати документи.…

ИЗВЕСТУВАЊЕ – ГРАЃАНСКИ СЕРВИС ЦЕНТАР

Почитувани, Ве известуваме дека од денес, 12 март 2020 година (четврток), Граѓанскиот сервис центар, при Општина Велес, времено ќе биде затворен, во времетраење од 14 денови. Сите граѓани кои имаат потреба од услугите на Граѓанскиот сервис центар, во гореспоменатиот временски период, може да остварат контакт со Општина Велес по електронски пат: На официјалната интернет страница…

Известување за јавност

Почитувани, Од денес, 11 март 2020 година (среда) сите предучилишни установи (детски градинки) и сите основни училишта на територијата на Општина Велес, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19, односно корона вирусот, во времетраење од 14 денови. Согласно владината одлука, се…

Известување за јавност

Почитувани, Согласно последните препораки и насоки издадени од Владата на Република Северна Македонија за зајакнување на мерките на заштита со цел спречување на ширењето на корона вирусот, упатуваме апел до сите граѓани на Општина Велес своето доаѓање и присуство во општината да го намалат, освен во случаи кога има неопходна потреба да се јават во…

ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2020 – пријава за работилници за подготовка на апликација

Почитувани, Здружението за социјални иновации „АРНО“ на 11 февруари 2020 го отвори повикот за натпреварот ЗЕЛЕНИИДЕИ2020, кој ќе трае до 10 април 2020 година. Сите граѓаните кои сметаат дека имаат идеја за зелен, одржлив бизнис можат да аплицираат на натпреварот „Зелени идеи“, а повеќе информации за самиот натпревар, критериумите и аплицирањето може да најдете на www.zeleniidei.mk . Секој што е заинтересиран да се пријави…

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ ОД СОВЕТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

На денешната седница на Советот за јавно здравје на Oпштина Велес, во присуство на Др.Анастасија Ивановска, Др.Ненад Коциќ, Др.Катица Николова, Драги Ртовски и Габриела Трајковска, на која беа поканети и претставници од ЈЗУ Општа болница (Др.Божидар Бојаџиев и Др.Силвана Мишкова) и од ЈЗУ Центар за јавно здравје (Др.Билјана Трајкова), беше презентирана актуелната ситуација и насоки…

Утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат изборни плакати со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања учесници во предвремените парламентарни избори во 2020 година

Врз основа на член 78 од Изборен законик (“Службен весник на РМ”бр.40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 и 42/20) и член 50, став 1, точка 16 од…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека, започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен Договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото наречено „Цуцка”, во близина на манастирите Св.…

Издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола Хемија Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Велес

Градоначалникот на Општина Велес ОБЈАВУВА Издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес  издаде Б – Интегрирана еколошка…